Бомбардерот Борозан во тимот на колото на ЛШ

Несопирливиот Вуко Борозан беше првиот стрелец на Вардар на гостувањето кај ПИК Сегед постигнувајќи осум голови во ремито, 26-26.

Во последните седум минути од средбата против ПИК Сегед, Борозан двапати реализираше, а беше и стрелец на 25. гол за Вардар во 59 минута со кој „црвено-црните“ најавија дека нема да си заминат дома без бодови од Унгарија.

Црногорскиот репрезентативец сезонава постигна вкупно 20 голови во ЛШ, а овие 8 се досега најмногу во еден натпревар.

Идеален тим на 4. коло во ЛШ. Видео прилогот на ЕХФ погледнете го тука

лево крило - Џери Толбринг (Кристијанштад)
леб бек - Вуко Борозан (Вардар)
среден бек - Габор Чазар (Кадетен)
лев бек - Жига Млакар (Целје)
десно крило - Александар Гуглета (Металург)
пивотмен - Камил Шипжак (Барселона)
голман - Иван Пешиќ (Мешков)

 

понеделник, 9 октомври 2017 - 09:01