Билети за Ф4 турнирот и во фаншопот во СЦ „Јане Сандански“

Од денеска сите заинтересирани кои сакаат да го бодрат Вардар на Ф4 турнирот од лигата на шампионите во Келн билетите за истиот настан можат да ги купат и во фан шопот што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански"

Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во салата, место резервирано за нашите фанови.

Цената на блок билетите чини 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден)

Покрај во фаншопт, билети за Ф4 турнирот се пуштени во продажба и онлајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70

Ф4 турнирот од лигата на шампионите ќе с еигра на 26 и 27 мај во Келн. Во полуфиналето се среќаваат: Нант - ПСЖ (15,15 часот) и Вардар - Монпелје (18 часот).

За сите прашања поврзани со билетите за Ф4 турнирот можат да се добијат на следната адреса:
e-mail: contact@rkvardar.com
тел: + 389 70 323 952

 

четврток, 10 мај 2018 - 07:40