Балканското дерби во ЛШ, Вардар - ППД Загреб е меч на неделата

На крајот од месец март Вардар ги игра двата осминафинални натпревари од Лигата на шампионите со ППД Загреб, а ЕХФ реши првиот натпревар во Загреб закажан за 23 март да биде прогласен за меч на неделата.

Мечот ќе биде со коментар на аглиски јазик на ЕХФТВ, а исто така цела недела ќе има промотивни активности од ЕХФ поврзани со натпреварот.

Првиот меч во Загреб се игра на 23 март со почеток во 20.30 часот.
Реваншот е закажан за 30 март во Скопје.

понеделник, 11 март 2019 - 18:05