Алушовски: Во Купот сите се фаворити

По пауза од една сезона повторно ќе има натпревари од Купот на Македонија, а од утре до сабота се игра Ф4 турнирот на четирите најдобри екипи. Вардар1961 повторно е дел од Ф4 турнирот и ќе се бори за својата 14. титула во Купот. „црвено-црните“ се најуспешниот машки ракометен тим во Македонија во Купот со 13 титули во 27-те учества. Ние сме единствениот тим што успеал пет сезони по ред да биде победник.

Во полуфиналето на Купот ќе играме со Металург. Тој меч е закажан за утре (четврток, 13 мај 2021) со почеток во 16,30 часот во салата во Автокоманда. Во тимот на Вардар1961 единствено ќе недостасува Анте Гаџа кој поради повреда на раката мораше да направи мала хируршка интервенција. 

„Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, две сосема поинакви дуели. Секој ја гледа својата шанаса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свој есап. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал, и секогаш се стреми да биде победник. Во ситуација кога нема публика на трибините речиси е сеедно каде се игра. Треба да покажеме дека во моментов нашата форма е најдобра и овој месец да го завршиме планираното. Тренираме вредно, секојдневно. На овие дуели од Купот единствено ќе ни недостасува Анте Гаџа кој има повреда на раката и имаше операција. Сите други се максимално подготвени за полуфиналниот дуел со Металург. Тоа е дерби кое секогаш е интересно. Очекувам натпревари со висок интензитет и очекувам се разбира да бидеме победници", вели Стефче Алушовски, тренерот на Вардар1961.

На потот до Ф4 турнирот сезонава ги победивме екипите на Текстилец (47-11), и на ГРК Тиквеш (2-24) и на Радовиш (35-32). 

Натпреварите од Купот на Македонија ќе може да се следат на МТВ.

 

среда, 12 мај 2021 - 12:11

Share on Facebook