Алушовски: Победи посреќната екипа

Вардар 1961 имаше шанса да се врати од Белорусија со бодови, но последните неколку минути поради направените грешки дозволивме домаќинот да постигне два гола по ред и од негатива да дојде до триумф од 24-22 (12-10).

Стевче Алушовски - тренер на Вардар 1961

„Многу е тешко да се зборува кога вака ќе загубите натпревар. Денеска победи посреќната екипа. Морам да му честитам на тимот на Мешков Брест. Направивме клучни грешки во последните пет минути кои на крајот пресудија за тоа кој ќе се радува на крајот од средбата. Не сме среќни, нашите навивачи исто така, но морам да им честитам на моите играчи. Мислам дека ни претстои многу работа и мораме да гледаме напред кон натпреварот кој ни доаѓа следниот четврток против Елверум".

 

Тимур Дибиров - играч на Вардар 1961

„Честитки до Брест за победата. Тие имаа одлична поддршка од навивачите. Нас ни треба многу повеќе работа и докажување. Недозволиво е да правиме такви грешки какви што правевме во последните пет минути на натпреварот. Имавме контрола цели 55 минути, беше и изедначено, па срушивме се во последните пет минути. Но тоа е што е, нас ни останува да тренираме и само да тренираме"

среда, 16 Септември 2020 - 21:49