Алушовски: Грешките во напад не чинеа бодови во Португалија

 Ракометарите на Вардар 1961 се враќаат од Португалија без бодови од дуелот со Порто, иако во еден дел од натпреварот имаа и водство, а во самата завршница и шанса да освојат или да бидат во сериозна шанса да освојат бод. На крајот средбата заврши со триумф на домашниот тим до 27-24 (13-13).

Вардар 1961 го отвори натпреварот многу умно, храбро и мотивирано. По почетните 2-0, брзо за седум минути стигна до плус четири и водеше со 5-1. Можевме лесно да стигнеме и до повисока предност но и во тие моменти покажавме дека знаеме како да се спротиставиме на играта на Порто. Тоа беше знак дека ќе има интересн натпревар. Имавме шанси, создававме можности, но не ги реализиравме. Тоа беше нашата слаба страна во тие моменти, да се искористи периодот во кој Порто беше „фатен".

Но, потоа следуваа осум минути во кои се играше тешко во нападот. Ние промашувавме, а противникот казнуваше и во 15 минута Порто го израмни резултатот на 5-5. Вардар 1961 остана во предност и после израмнувањето и повторно дојде до позитива, сега од „плус 3" за водство 8-5. На се она што ние не успевавме да го реализираме Порто брзо казнуваше и полека се враќаа во игра, ја топеа нашата предност.

Повторно израмнија, 9-9, а 25 минита првпат имаа водство, 11-10, а потоа и 12-10. Имавме проблем со шутевите од бековската линија, па пред крај на првото полувреме влезе во игра и Васко Шеваљевиќ, новото засилување кој го постигна првиот од вкупно четирите голови. Во последните секунди Марко Вујин постигна гол со кој го израмни резултатот на 13-13.

Домашните форсираа многу играње „7-6" а Вардар во повеќе наврати тоа го користеше за да пресече топка и да постигне гол. Но, Порто имаше екстремно брзи крилни играчи, па откако Митревски ќе одбранеше „за час" топката веќе беше префрлена преку центар и беше загрозена голот на Ристовски. Неколку одбиени топки од Ристовски завршија во рацете на играчите на Порто, па домашните кога требаше постигнуваа голови за одржување во игра или за резултатско одлепување.

Вториот дел беше отворен лошо. Тимот на Порто брзо постигна 4 гола за пет минути, а во 38 минута веќе имавме негатива од 15-19. Порто можеби се понадева дека работата е готова, но Вардар за девет минути со двата гола на Шеваљевиќ, трите на Дибиров и едена на Јотиќ пак беше конкурентен и намали на 20-21.
Тоа е период во кој имавме две шанси да израмниме, но Јотиќ и Вујин не реализираа. Во следниот период уште двапати бевме на „минус 1" но беа шанса да стигнеме до израмнување.

 

Вардар 1961 останува на 8 место во А групата со 3 бода од шест натпревари, еден помалку од ПИК Сегед и Елверум. 

Следната недела не очекуваат две гостувања. Прво патуваме за Парис кај ПСЖ, а од таму продолжуваме за Германија каде треба да му гостуваме на Флензбург.

 

* ФОТО-ГАЛЕРИЈА ОД СРЕДБАТА ПОРТО - ВАРДАР 1961

zapisnik_porto_-_vardar.pdf 

statistika_-_porto_vs_vardar_1961.pdf 

 

Стевче Алушовски - тренер на Вардар 1961
„Честитки за Порто за победата. Бевме добри на стартот на мечот, посебно во одбраната. Но имавме проблеми со нападот. Порто беше добар во брзите контранапади. Ги казнија сите наши грешки со брзи голови. Во последните десет минути направивме многу грешки во нападите, во додавањата. На Порто му посакувам се најдобро, а ние мора да ги поправиме сите грешки за понатаму. Имаме многу натпревари во овој месец февруари"


Патрик Валчак - играч на Вардар 1961
Почнавме одлично во одбраната и со реализирање на лесни голови од контранападот. Но по неколку минути тоа престана да функционира и влеговме во проблеми. Во финишот исто така одбраната не беше лоша, но проблемот беше во нападот. Порто го искористи тоа да постигне лесни голови. Тешко е да се игра долго време 7 на 6, ние исто така пропуштивме неколку обиди на празен гол"

петок, 5 февруари 2021 - 01:00

Share on Facebook