Александар Рогановиќ ќе биде тренер на голманите и дел од стручниот штаб на Вујовиќ

Стручниот штаб на Вардар1961 следната сезона ќе биде зголемен за уште еден нов член, со Александар Рогановиќ (59) кој ќе биде одговорен за работата со голманите во клубот. Црногорскиот тренер во моментов е тренер на кадетите на репрезентацијата на Црна Гора, но зад себе има богата тренерска кариера, најмногу токму со голмани во различни клубови и репрезентации.

Рогановиќ е дипломиран тренер на Универзитетот за спорт во Црна Гора, отсек ракомет. Од 1988 година работи како тренер, и по дипломирањето извесен период работи како тренер на сите голмани во репрезентацијата на СР Југославија, потоа Србија и Црна Гора и потоа во Црна Гора.

Во периодот од 2004 до 2006 беше дел од СП и ЕП во Словенија и Тунис. Потоа продолжува ра работи во Ловќен и како прв тренер станува шампион на Црна Гора во 2009 година.
Следните две години работи како тренер на голмани во женската репрезентација на Црна Гора и на младинскиот тим на Будуќност.

Интернационална кариера кадвор од Европа гради во 2014 и 2015 година кога работи во ОАЕ, и му беше помошник на Веселин Вујовиќ во тимот на Ал Шабах во Дубаи. Следните две сезони продолжува во тимот на Ал Џезеира од Абу Даби каде работи како помоешн тренер.

Во 2016 година се враќа во Црна Гора и со Ловќен е шампион на Црна Гора. Потоа до 2019 година работи во Копер (Словенија) и Железничар (Ниш) како помошник на Вујовиќ и тренер на голмани.

Во моментов е ангажиран како тренер на голманите на кадетите на репрезентацијата на Црна Гора.

 

вторник, 22 јуни 2021 - 15:02

Share on Facebook