Акредитирање за средбата Вардар 1961 - Кјелце

Процедура за акредитирање на натпревар од ЕХФ лига на шампиони меѓу Вардар 1961 и Кјелце

* акредитирање директно во клуб најдоцна до вторник, 17.11.2020
* присуство на ограничен број новинари на трибина – вкупно 12
* ограничен број фотографи позади головите (вкупно 8)
* задолжително пополнување листа со податоци за Ковид-19
* задолжително мерење температура на влез, дезинфекција, одржување дистанца
* нема микс зона и нема земање изјави после натпревар
* прес – конференција директно пренесувана на Facebook страната на клубот(без присуство на новинари во салата)
* прашања преку WATS-UP група (оставете мобилен телефон при акредитирање)

 

Почитувани медиуми,

Пред одигрувањето на натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите во сезоната 2020/2021 против Кјелце, Полска ве известуваме дека натпреварот ќе биде организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истиот ќе биде без присуство на публика и со ограничен број на претставници на медиумите.

Натпреварот е закажан за 19 ноември 2020 година со почеток во 18,45 часот во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

Со зел да се запазат сите препорачани мерки на претпазливост ве информираме дека ќе има ограничениот број на места за новинарите и фотографите за овој натпревар.

Сите редакции кои сакаат да имаат свој претставник на натпреварот ќе мораат ДА СЕ АКРЕДИТИРААТ директно во клубот. Клубот го задржува правото на одобрување или одбивање на бараните акредитации, во согласност со можностите.
Сите ТВ станици, Радио и ВЕБ ТВ акредитирањето треба да го направат директно во ЕХФ Маркетинг (линк до формуларот во прилог)

accreditation_form_mcl_20_21_group_phase.xls

Максималниот број на новинари на трибината што ќе може да бидат присутни е ограничен на 12.Сите ќе бидат на трибината за новинарите и секој ќе има свое место за седење и ќе треба да се одржува препорачаната дистанца.

Бројот на фотографи исто така ќе биде ограничен и ќе може да влезат во салата вкупно 8 фотографи. Движењето на фотографите е ограничено исклучиво зад головите и без можност да се користи страната каде се сместени клупите на резервните играчи.

Сите барања за акредитации треба да бидат испратени од ОФИЦИЈАЛЕН Е-МАИЛ НА РЕДАКЦИЈАТА најдоцна до ВТОРНИК, 17 НОЕМВРИ 2020 година ДО 10 ЧАСОТ на следната адреса:

media@rkvardar1961.com

Местото на влез во салата ќе биде дополнително потврден, и на самиот влез на секој акредитиран новинар ќе му биде измерена температура. Секој акредитиран новинар ќе треба претходно да пополни и достави листа со сопствените податоци во случај да има потреба од дополнително контактирање.

Со цел да не се создаде метеж пред натпреварот ве молиме навреме да дојдете во сала бидејќи влегувањето ќе трае подолго од вообичаената процедува.

На влез задолжително ќе треба да се изврши дезинфекција. За време на движење во салата и за време на натпреварот задолжително е користење на маски на лицето. Движењето во салата треба да се сведе на минимум. Се препорачува да имате со себе вода или течност за пиење бидејќи во салата нема да има продажба на пијалаци.

По натпреварот ЌЕ ИМА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОЈА ЌЕ БИДЕ ПРЕНЕСУВАНА НА КЛУПСКАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА, НО НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО ПРИСУСТВО НА НОВИНАРИ.
Сите акредитирани новинари ќе имаат можност по натпреварот или додека трае прес конференцијата да постават прашање преку WATS-up групата што ќе биде создадена.

ЗАТОА ве молиме при акредитирањето да оставите контакт мобилен телефон на новинарот кој ќе сака да постави прашање. Секоја редакција акредитиран новинар)ќе може да постави максимум по 2 прашања.
Нема да има микс зона и можност за земање изјави на терен или покрај теренот. Се препорачува користење на информациите од клупскиот веб сајт и каналите на социјалните мрежи на клубот, или телефонски контакти со играчите и стручниот штаб.
Во текот на натпреварот клубот ќе обезбеди одреден број фотографии за слободна употреба што ќе бидат достапни на социјалните канали на клубот.

Со почит,

 

петок, 13 ноември 2020 - 11:43