Акредитирање за новата сезона во СЕХА Гaзпром лигата

Сите заинтересирани професионални медиуми и новинари кои сакаат сезонава да ги следат натпреварите на Вардар во СЕХА Газпром лигата потребно да извршат акредитирање за да можат да присуствуваат на натпреварите.

Акредитирањето се врши преку он лајн платформата на СЕХА ГАзпром лигата на следниот линк.

Клубот го задржува правото на одбрување или одбивање на барањето.

Сите ТВ и радио станици кои сакаат да се акредитираат истото треба да го направат преку канцеларијата на СЕХА лигата.
Барањата за акредитација за ТВ и радио треба да се испратат на media@seha-liga.com

Пријавувањето за акредитации за сезоната 2019/2020 ќе трае до 25 септември 2019 година.

 

петок, 23 август 2019 - 13:47