Акредитирање на натпревар од СЕХА Гaзпром лигата меѓу Вардар1961 и ППД Загреб

Почитувани медиуми,

Пред одигрувањето на првиот четвртфинален натпреварот од СЕХА Газпром лигата за сезоната 2020/2021 против ППД Загреб, Хрватска ве известуваме дека натпреварот ќе биде организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истиот ќе биде со ограничен број на претставници на медиумите.

Натпреварот е закажан за 26 август 2021 година со почеток во 20,15 часот во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

Со цел да се запазат сите препорачани мерки на претпазливост ве информираме дека ќе има ограничениот број на места за новинарите и фотографите за овој натпревар.

Сите редакции кои сакаат да имаат свој претставник на натпреварот ќе мораат ДА СЕ АКРЕДИТИРААТ директно во клубот. Клубот го задржува правото на одобрување или одбивање на бараните акредитации, во согласност со можностите.

Максималниот број на новинари на трибината што ќе може да бидат присутни е ограничен на 12.Сите ќе бидат на трибината за новинарите и секој ќе има свое место за седење и ќе треба да се одржува препорачаната дистанца.

Бројот на фотографи исто така ќе биде ограничен и ќе може да влезат во салата вкупно 8 фотографи. Движењето на фотографите е ограничено исклучиво зад головите и без можност да се користи страната каде се сместени клупите на резервните играчи.

Сите барања за акредитации треба да бидат испратени од ОФИЦИЈАЛЕН Е-МАИЛ НА РЕДАКЦИЈАТА најдоцна до СРЕДА 25 АВГУСТ 2021 година ДО 10 ЧАСОТ на следната адреса:

media@rkvardar1961.com

Сите што ќе поднесат барање за акредитација ќе добијат писмен одговор за прифаќање или одбивање на акредитацијата на е-маилот од каде се аплицира.

Согласно препораките на Владата која донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Истиот ќе треба да го приложите на влез во салата. Без соодветен сертификат (потврда) нема да може да влезете во салата дури иако вашата акредитација е потврдена од страна на клубот.

Местото на влез во салата ќе биде дополнително потврден.

За време на движење во салата и за време на натпреварот задолжително е користење на маски на лицето. Движењето во салата треба да се сведе на минимум. Се препорачува да имате со себе вода или течност за пиење бидејќи во салата нема да има продажба на пијалаци.

Нема да има микс зона и можност за земање изјави на терен или покрај теренот. Се препорачува користење на информациите од клупскиот веб сајт и каналите на социјалните мрежи на клубот.

Во текот на натпреварот клубот ќе обезбеди одреден број фотографии за слободна употреба што ќе бидат достапни на социјалните мрежи на клубот.

По натпреварот ќе бидат обезбедени аудио изјави од тренерите на екипите од клучните играчи.

Со почит,

 

понеделник, 23 август 2021 - 15:32

Share on Facebook