Aкредитирање на натпревар од ЕХФ лига на шампиони меѓу Вардар 1961 и Мешков

Пред одигрувањето на натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите во сезоната 2021/2022 против екипата на Мешков Брест, Белорусија ве известуваме дека натпреварот ќе биде организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истиот ќе биде со ограничено присуство на публика и со ограничен број на претставници на медиумите. Сите кои ќе бидат присутни во салата треба да се придржуваат согласно протоколите од последната одлука на Владата.

Натпреварот е закажан за 22 септември 2021 година со почеток во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

Со зел да се запазат сите препорачани мерки на претпазливост ве информираме дека ќе има ограничениот број на места за новинарите и фотографите за овој натпревар.

Сите редакции кои сакаат да имаат свој претставник на натпреварот ќе мораат ДА СЕ АКРЕДИТИРААТ директно во клубот. Клубот го задржува правото на одобрување или одбивање на бараните акредитации, во согласност со можностите.
Сите ТВ станици, Радио и ВЕБ ТВ акредитирањето треба да го направат директно во ЕХФ Маркетинг (линк до формуларот во прилог)

Максималниот број на новинари на трибината што ќе може да бидат присутни е ограничен на 20. Сите ќе бидат на трибината за новинарите и секој ќе има свое место за седење и ќе треба да се одржува препорачаната дистанца.

Бројот на фотографи исто така ќе биде ограничен и ќе може да влезат во салата вкупно 8 фотографи. Движењето на фотографите е ограничено исклучиво зад головите и без можност да се користи страната каде се сместени клупите на резервните играчи.

Сите барања за акредитации треба да бидат испратени од ОФИЦИЈАЛЕН Е-МАИЛ НА РЕДАКЦИЈАТА најдоцна до ВТОРНИК, 22 СЕПТЕМВРИ 2021 година ДО 10 ЧАСОТ на следната адреса:

media@rkvardar1961.com

Местото на влез во салата ќе биде дополнително потврден, и на самиот влез на секој акредитиран новинар ќе му биде измерена температура. Секој акредитиран новинар и фотограф ќе треба да покаже сертификат за вакцинација (најмалку една примена доза)или потврда за прележан Ковид-19 во последни 45 дена.
Доколку не се покаже соодветна потврда за вакцинација или прележан Ковид-19 нема да може да се влезе на натпреварот дури иако има одобрена акредитација.

Со цел да не се создаде метеж пред натпреварот ве молиме навреме да дојдете во сала бидејќи влегувањето ќе трае подолго од вообичаената процедува.

За време на движење во салата и за време на натпреварот задолжително е користење на маски на лицето. Движењето во салата треба да се сведе на минимум. Се препорачува да имате со себе вода или течност за пиење бидејќи во салата нема да има продажба на пијалаци.

По натпреварот ЌЕ ИМА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОЈА ЌЕ БИДЕ ПРЕНЕСУВАНА НА КЛУПСКАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА,
ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО ПРИСУСТВО НА НОВИНАРИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА.
Сите акредитирани новинари кои ќе искажат потреба ќе имаат можност по натпреварот или додека трае прес-конференцијата да постават прашање преку WATS-up групата што ќе биде создадена од страна на клубот.

Затоа ве молиме при акредитирањето да оставите контакт мобилен телефон на новинарот кој ќе сака да постави прашање. Секоја редакција акредитиран новинар)ќе може да постави максимум по 2 прашања.
Можност за земање изјави на терен или покрај теренот односно пред паното на ЕХФ ќе биде овозможено само за акредитираните ТВ куќи за кои ЕХФ ќе даде одобрени.

петок, 17 Септември 2021 - 09:13

Share on Facebook