Тренираме вредно - ни треба подигнување на натпреварувачката форма

Двапати „црвено-црните" се подготвуваа за средба од лигата на шампионите, но првично беше одложен дуелот со Елверум кој не допатува во Скопје, а сега беше одложено и гостувањето во Унгарија кај ПИК Сегед.

Ако се беше според планот Вардар 1961 досега ќе имаше одиграно три кола во ЕХФ лигата на шампионите и ќе имаше две седмици време да се подготвува за четвртиот. Но, зад името на двојниот европски првак на актуелната табела постои дека одиграл само еден меч, она гостување во средината на септември во Брест, Белорусија. 

Во новата сезона македонскиот првак ги одигра само натпреварите на турнирот во Струга, во август, плус уште два контролни средби во Скопје и на почетокот на септември настапивме на Ф4 турнирот во СЕХА лигата во Задар. Но, сето тоа е премалку за да е одржува и да се подобрува формата. А допрва доаѓа период во кон треба да се играат натпревари и од СЕХА лигата.

„Последен натпревар што го игравме беше на 16 септември, сега е 2 октомври. Два мини циклуси што ги планиравме ги прекинавме кога формата на екипата требаше најмногу да биде подигната на едно ниво. Ако кажеме дека се спремаме за дуел во среда и така тренираме, во недела или понеделеник добиваме информација дека мечот е одложен. Играчите немаат мотив, бидејќи сме се спремале за еден противник, сме излегле од сите процеси на учење и усовршување, и сме подготвувале една тактика. Овие две седмици ни се промашени во делот на надградување на играта и формата. Сега на 15 октомври е прв меч со Флензбург. А тој период што е, е една зимска пауза. Треба да држиш тензија, да држиш во натпреварувачки ритам.
Баравме да играме со Еурофарм Пелистер, но рекоа дека неможат бидејќи имале повредени играчи, вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961.

Сепак се прават напори да се одиграат некои контролни натпревари, бидејќи само така може да се види дали формата е во нагорн алинија, да се отстранат недостатоците и пропустите.

„Ако не играме натпревар од СЕХА лигата, се надевам дека Металург ќе ни излезе во пресрет и ќе можеме барме да одиграме некој меч. Се гледа дека формата оди во надолна линија. Флензбург играше неколку силни натпревари, екстра дуели, со силни ривалири, со висок ритам, и ние тренираме со замислен противник, и потоа не играме. Мислам дека сме многу хендикепирани.
Држиме позитивна атмосфера, се трудиме да го искористием на најдобар начин, со тренирање со висок интензитет, вели Алушовски.

Изненадување беше одложувањето на двата натпревари од ЛШ?

„За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје. И Швајцарија има строги протоколи, па Криенс дојде да игра меч со Металург. Несфатливо е дека ПИК Сегед беше во Полска, а потоа дома не можеше да организира средба. Но, се менуваат многу правилата. Се надевам дека нема да дојдат уште полоши времиња.
Клубот се спасува од колапс, дојде човек што го сака, и ете немаме натпревари, не можеме да ја подигнеме форма да дојдат и нови спонзори во клубот. Мораме на тренинг добро да тренираме, секој играч да биде фокусиран. Само така можеме да се надеваме на добра форма, вели Алушовски.

Проблемот со Ковид-19, и последните случувања во македонскиот ракомет кога се појавија две екипи што пријавија по 13-тина заразени членови го одвратија клубот од идејата да игра со домашни екипи.

„Ние да играме можеме и со екипи од домашно првенство. Сите имаат квалитет. По мене е голем ризик, она што се случи, да има по 13 заразени, а тие екипи биле меѓу себе во контаткт. Не дека нашите игарчи се под стаклено звоно. Не дека екипите немаат квалитет, но само поради претпазливост. Металуг е најсигурна опција. Се надевам дека ќе ни излезат во пресрет. И тоа е премалку.

Тоа што Вардар има одиграно малку натпревари може да биде и проблем и за ривалите, а предност на нашиот клуб. Никој не знае која е формата на играчите и кој состав може да излезе.

„После турнирот во Струга имам јасна слика. Тогаш бев во заблуда дека некои играчи можат нешто повеќе. Сега имам слика, кој каде и колку може да даде. Сега немам дилеми и знам со кого и како ќе се справиме со Флензбург. Дали е предност, искрено незнам. Ние ќе тренираме, но недостасуваат натпревари. Ни треба натпреварувачка форма. Ние ја подигнавме формата до Мешков, но сега не знаеме до каде сме. Јас како тренер знам кој од ирачите колку може, имам јасна слика, смета Алушовски..

Напредок има во играт, но неизвесно е да планираш нешто и потоа да не можеш да го реализираш.

„Пред да одиме за Задар имавме цел да играме финале, и го остваривме. Можеби со Веспрем сега да играме ќе биде сосема друга ситуација. Во Брест бевмо оштетени од судиите, а и ние на крајот самите не реализиравме три шанси да извојуваме победа, за сега полесно да го минеме овој период. Претстои долга и неизвесна сезона. Тешко е да си тренер и да планираш. Имаш план, и тој се менува постојано, Не можеш да направиш план подолг од 7 дена, но и тогаш е прблем, бидејќи во 7 дена двапати се менува плано., И тоа во напреварувачка сезона, А тоа е навистина проблем, вели Алушовски.

Средбата меѓу Вардар 1961 и Флензбург е закажана за 15 октомври во Скопје.

 

 

петок, 2 октомври 2020 - 15:18