Скопје не е мојот втор дом – тоа е мојот ДОМ

Им дозволивме на навивачите да му постават прашања на Игор Карачиќ, за се она што ги интересира, почнувајќи од тоа дали ќе остане во Скопје, како се одмара, кој му е најдобриот другар, со кого би сакал да се смени на еден ден, дали би се оженил со девојка од Скопје....

Тој е со најдолг стаж во моментов Вардар, и е еден од оние што знае колку Вардар им значи на навивачите, и колку е ракометот сакам во Македонија. Кога по меч дечињата и постарите сакаат да се фотографираат со некој играч на Вардар, тогаш високо на листата е Игор Карачиќ. Кога на тимот некогаш знае да не му оди, тогаш „Кара" ја зема иницијативата.

Им дозволивме на навивачите да му постават прашања на Игор Карачиќ, за се она што ги интересира, почнувајќи од тоа дали ќе остане во Скопје, како се одмара, кој му е најдобриот другар, со кого би сакал да се смени на еден ден, дали би се оженил со девојка од Скопје....

И Игор беше трпелив, па одговори на речиси сите прашања.

Она што сите најмногу ги интересираше е дали и во иднина ќе го гледаме во дресот на Вардар?

*Дали Игор ќе остане во Вардар?
„Моментов не можам да одговорам на тоа. Ќе видиме. Ми истекува договорот оваа сезона. Постои можност и да останам, но во следните десетина денови ќе се знае повеќе околу мојата иднина.


* Кои се твоите најубави моменти во Вардар и во Македонија?
„ Секако нема да ја заборавам првата титула со Вардар и тоа против Металург. Кога бевме отпишани, и кога загубивме бод претходно во Струмица. Имавме дуел со Металург и во СЦ Кале победивме и ја освоивме титулата.

* Кој е твојот идол сега, а кој бил порано?
„Мојот идол секогаш бил постариот брат Иван. Секогаш го гледав како пример. Почнав да се занимавам со карате и фудбал, и се гледав себе си во фудбал, зашто навистина добро ми одеше. Но еднаш отидов со Иван на тренинг на ракомет и така почна мојата љубов кон ракометот.

* Дали би сакал да направиш ракометен камп и да работиш со деца и да ги споделиш своите искуства?
„Имаш таква идеја во 2016 година кога со Хрватска освоивме медал од ЕП. Имавме многу дочеци во Загреб и Мостар. Имав и предлози и првично прифатив, но сепак сум далеку од дома. Чекам време кога сите браќа ќе бидеме дома и тогаш сигурно би направил камп.

* Кој од соиграчите те нервира за „сите пари" и да не си професионалец каков што си би го удрил со топка во нос?
„Има еден играч кој некогаш би го гушкам, а некогаш би го „задавил" бидејќи знам каков потенцијал има и што се би направил за клубот и своето семејство. Тој играч веќе не е со нас, се вика Стахиња Милиќ. Тој е најдобриот пријател што сум го запознал во ракометниот свет. Некогаш ми доаѓа да го удрам со топка по нос, зашто знам колку вреди и колку може а некогаш работи против себе.

* Која е првата личност со која ги споделуваш добрите вести и кој ти е најголемата поддршка во животот?
„Сигурно моето семејство, не се тоа само празни зборови. Со братот Горан се слушам најчесто. Се си кажуваме, исто и со Иван, но со помладиот брат Горан сум почесто на линија, тој почесто се јавува и секогаш зборуваме за се што не мачи.

* Другар од клубот на кого можеш да сметам во секое време?
„Сите можеме да си помогнеме и да си посветиме во секое време. Секој ќе помогне било кому. Атмосферата е одлична. Има играчи што се староседелци и тие сигурно прво би ги прашал. Но нема играч што не би ти помогнал.

* Омилено место за опуштање и како го минуваш слободното време?
„Во слободното време сакам да бидам подалеку од ракометот. Сакам да се релаксирам, тоа ми треба. Особено сега кога влегов во 30-тите години. Имам пријатели во Скопје со кои доста се дружам. Еден од нив е Дејан Богоевски, тој ги има „Кофи фактори". Тоа е во зградата каде сум, и навистина ме опушта тоа место.

* Со колку години си почнал да играш ракомет и најсреќните моменти досега во ракометот?
„ Почнав со 8 години да тренирам и ракомет и фудбал паралелно, но се префрлив на ракомет поради брат ми. Многу среќни моменти имаше досега во мојата кариера. Ако нешто се издвои, тоа е 2016 кога освоив медал со Хрватска на ЕП и пречекот во Загреб и Мостар. Тешко е да се поверува на ваков дочек во Мостар. Потоа првата титула со Вардар во Македонија, и секако титулата во Келн со Вардар и дочекот во Скопје.

*Кое јадење најмногу ти се доаѓа во Македонија?
„ Се, баш се. Не знам што би избрал. Едноставно на моите во Хрватска не им се јасно како тоа се јаде салата па потоа главно јадење. Но, така се навикнав. Се е одлично тука.

* Како малечок што ти си сонувал да бидеш?
„Сакав да бидам како татко ми. Многу зборував и татко ми велеше да ме запише на правен факултет. Ми се допаѓаат докторите и секогаш тоа ме привлекуваше. Татко ми работи во болницата во Мостар како анестезиолог. Ако не ве спортист тогаш би бил во таа насока.

* Најубав град што си го посетил?
„Мостар секогаш е број 1, Скопје е број 2 за живеење. Еве сега за време на СП во Минхен, на многумина им кажував дека ова е најдобриот град на светот.

*Со кого најмногу се дружиш во репрезентацијата на Хрватска и во Вардар?
„ Во репрезентацијата на Хрватската сите сме заедно, но би ги издвоил Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек. Но, сите се дружиме бидејќи сме генерациски поврзани. Па и заедно сме во Вардар сите играчи. Постојано се дружиме, тука е Столе, Тимур...

*Кој дел од треннгот не го сакаш?
„Не го сакам кондицискиот дел. Сите сме свесни дека тоа мора да се направи, но знаејќи не нас, ако знаеме и ако мораме да бираме меѓу некои игри ли кондиција, тогаш бираме игри.

* Што мислиш за фан клубот на Вардар во Мексико?
„Искрено не знаев дека и таму имаме навивачи, но сум навистина горд. Верувам дека и на други места ќе се чуе и ќе се навива за Вардар.

* Би се осмелил ли Игор да одбрани пенал на Криштопанс?
„Сигурно, знам каде шурира.

* Што си помисли кога првпат дојде во Вардар и ја почувствува атмосферата во сала?
„Не знаев многу за Вардар кога дојдов. Првиот впечаток низ градот не беше многу добар зашто беше зима не ми се допадна, но потоа брзо сфатиш што значи Вардар, колку се сака, и колку луѓето живеат за него.

*Имаш ли некое друго хоби освен ракомет?
„Сакам да играм многу тенис"

* Доколку имаш машко дете кое име би му го дал ако треба а избираш од имињата на ракометарите на Вардар?
„ Сигурно би се викал Иван"

* Со кој играч од Вардар би се заменил на еден ден?
„Со Иван Чупиќ. Тој дома има четири девојчиња и жена и куче, и сакам да видам како се справува со сето тоа.

* Кученцето кое го имаш и често сликаш на инстаграм е многу слатко. Како се вика?
„ Кученцето се вика Миси",

* Кој е твојот цимер/најдобар другар од Вардар.
„Цимер ми беше Милиќ и тоа 7 години. Сега ми е цимер Горбок, но и тој е отсутен поради повреда, па се менувам.

* Кој е најдобриот мотивациски говор или дел од говор што го имаш слушнато и кој навистина те натерал да дадеш 110 отсто од себе?
„Тоа беше 2016 на ЕП во Полска. Имавме тешка задача да ја победиме Полска со повеќе од 13 гола. Пред мечот Петар Метличиќ не собра на терен и ни одржа говор што никогаш нема да го заборавам. Ни зборуваше дека никој не може да ни забрани да сонуваме, никој не ни забранува тоа што сме го сакале да го оствариме, никој тоа не може да ни го одземе. Тоа беше во кратко црти, тоа беше говор од 2 минути и извлече најмногу од сите нас.

* Дали Игор би се оженил со девојка од Скопје и би останал тука на живее?
„Никогаш не знаеш што ти носи живот. Скопје не ми е втор дом, туку дома. Се навикнав, и кога сум во Мостар еден месец, се чудам што да правам,. Но, како ќе каже срцето.

* Дали бројот 18 што го носиш на дресот во Вардар има некакво специјално значење за тебе?
„Како мал го носев 8, а брат ми носеше 18. Нема некоја посебна причина зошто го одбрав тој број.

* Како е да играч против сопствениот брат и што ти минува тогаш низ главата?
„Игравме многу пати еден против друг, но чудно беше на СП во Катар, кога два брата играа за две различни држави. Тоа ми беше малку нелогично, две различни химни. Јас сум од Херцеговина, секогаш гледав повеќе идоли од тој дел, сонував да играм за Хрватска. Имав среќа дека Ирфан Смајлагиќ ми беше тренер, и тргнав да играм она што го чувствував.

* Кој е поубав град за живеење, Загреб или Скопје?
„Ако би бирал, би го избрал Скопје. Тоа е мој дома.

* Може ли Вардар повторно да биде на врвот во ЛШ?
„Сигурно, зошто да не. И кога бевме шампиони не бевме многу силни, но сите проверени. И денска имаме фонд на играчи што може да одработат. И таа 2017 видовме дека се може да се случи.

* Ако треба да направиш тим, кои играчи би ги земал?
„Цел мој Вардар. Сегашниот тим на Вардар.

* Дали некогаш си помислил да се откажеш од ракомет?
„Многу пати, но не последниве години, но кога бев на премин од тинејџер до професионален игра, со повреди и со неправдите во спортот сум размислувал. Се ти минува низ глава, па сфаќаш дека тоа треба да го работиш бидејќи имаш талент.

* Дали по завршување на кариерата размислуваш за тренерска професија?
„Засега не. Но сигурно ќе има некој камп да пренесам искуство. Не само ракомет туку на спортот воопшто. Но, засега не размислувам за тренерска работа.

четврток, 21 февруари 2019 - 10:56