Роберто Парондо: Најтешко беше да ја подготвиме одбраната, но успеавме

Тренерот Роберто Парондо првпат добива шанса да води машки тим, и целосно е фокусиран на исполнување на очекувањата на клубот и навивачите. Покрај обврските со првиот им на Вардар тој е дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија која сега се подготвува за настап на СП во Германија во јануари 2019.

И со подновен тим со повеќе нови ракометари Вардар го задржа приматото што го имаше претходните сезони во ЕХФ Лигата на шампионите и во СЕХА Газпром лигата. На крајот од годинава, кога се сумираат и резултатите од првиот дел од сезоната 2018/2019 „црвено-црните" се лидери во регионалното натпреварување, а второпласирани во групната фаза од ЛШ.

* По што посебно ќе ја паметите 2018 година

„Годинава на некој начин беше моја прва целосна година како тренер, иако стартував во 2017 година со женскиот тим, но во 2018 година игравме Ф4 на Лига на шампиони, и за жал изгубивме со еден гол во финалето. Потоа стартував со машкиот тим на Вардар и мислам дека моите најдобри спомени од овој период се поврзани со мојата работа со тимот.

* Беше ли малку изненадување кога ја доби поканата да бидеш тренер на машкиот тим на Вардар?

„Секако дека бев малку изненнаден. Знаевме дека Раул си заминува од тимот уште во ноември и многу имиња се спомнуваа како негова замена, но кога Сергеј ми ја понуди позицијата за мене беше големо изненадување. Не ми требаше време да размислувам за понудата, зашто ако некој те праша дали сакаш да бидеш тренер на Вардар прифаќаш. За мене беше лесно да кажам ДА. А потоа, кога работите се договорија, размислуваш за тоа како ќе работиш и како ќе се организираш.

* Со женскиот тим игравте на Ф4, колку е различно и што е потешко, да се работи со машкиот тим или со женскиот тим?

„Мажите и жените се секако различни. Ако за жените некои работи се нормални тогаш тоа не важи и за мажите. Но, треба да с еприфатат некои работи. Жените може да имаат некои традиционални начини во играта или загревањата. Но, ракометот е ракомет и тоа треба секако да фунционира. За мене беше лесно да се работи со женскиот тим. Имаше и некои други тешкотии бидејќи беше последна со тој сoстав.

 

* Со машкиот тим на Вардар сте првопласирани во СЕХА лигата и второ на табелата во ЛШ. Ги исполнивте ли клупските очекувања по првиот дел?

„Најважно е да се размислува меч за меч и така да се подготвуваме, да не мислиме што ќе биде во мај или јуни. Имавме проблеми со повреди и секао дека и тоа имаше влијание. Пред почетокот на сезоната при рангирањето на тимовите Вардар го немаше на листата, а играчите за тоа зборуваат и сакаа да покажат дека тоа е грешка. Така и беше имавме одличен почеток на сезоната.

* Тимот во последниот период делуваше малку изморен, но победија на сите мечеви како што беше планирани?

„На последниот меч од СЕХА лигата во Букурешт игравме без 8 играчи. Тоа не е најдобриот тим. Последните три мечеви сакавме да им дадеме шанса на сите, бидејќи се гледаше заморот. Сезоната е долга и ни требаат сите играчи. Треба некогаш и да се мисли на тимот да може да се издржи целата сезона да се одигра доволно да се победи.

* Што ви беше најтешко годинава?

„ Да ја подготвиме одбраната. Неколумина играчи што дотогаш играа одбрана си заминаа, а новите што дојдоа не играле на тие места. Затоа требаше да се усогласат сите работи, да се најде место за секој играч. Сакавме сите да бидат подготвени што е можно побрзо и подобро. И мислам дека добро успеавме иако нормално секогаш треба да се работи.

* На кој меч најмногу сте се нервирале?

„ Сите мечеви се тешки. Се сеќавам кога игравме со Монпелје на првиот меч сезонава, и сите беа возбудени што играат со првакот на Европа. Но, тоа повеќе беше некоја нервоза. А потоа со Кристијанштад работите дојдоа на место. На сите мечви треба да мислиш како ќе играш. На некои си повеќе возбуден, а некои повеќе нервозен.

* Имаше и многу проблеми со повредите на некои играчи. Ќе беше ли поинаку ако беше Вардар играчки комплетен на натпреварите?

„Никогаш не се знае. Но, со повеќе играчи на располагање сигурно ќе имавме повеќе опции за играње. Имаше многу ситуации кога некој не игра добро во напад, но ни е потребен и затоа треба да игра.

* Сега со машката сте на добар пат да стигнете исто така далеку во завршницата на ЛШ? Колку уште сила има во овој играчки кадар?

„ Има, сигурно. Тешко е ако размислуваме однапред за мечевите и ќе биде тешко и ако не тренираме доволно. Имаме и лоша среќа бидејќи сме во тешка група. На некои мечеви не одигравме добро поради различни причини. Сега останува да се подготвиме добро за продолжението од сезоната.

* Како изгледа еден нормален работен ден на Парондо?

„Имаме тренинг попладне, а јас сакам да одам во теретана да работам. Тоа е слободно време за мене да не мислам на ништо. Потоа имаме видео, подготвувам видео и тренинг, тоа е околу два часа, а потоа уште два часа тренинг. Потоа доаѓаш дома и имаш уште малку време да се одмориш со семејството.

* Постојано си со компјутер, правиш анализи, гледаш видеа од противниците?

„Не сакам да бидам со компјутер и да анализирам постојано. Не уживам, но знам дека треба тоа да го направам. Ако можам да подготвам четири мечеви е подобро отколку три, и да се има повеќе информации. Секогаш сакам да се подготвам повеќе и подобро што можам. На некои играчи им требаат повеќе информации при пдоготовка, а на некои помалку. Затоа треба да имаме повеќе анализи.

 

* Како го користиш слободното време?

„Сакам времето да го користам со семејството. Да прошетаме некаде, а со децата да одиме заедно некаде, во кино, на вечера. Сакам да бидам со семејството бидејќи тогаш не размислувам за ракометот.

* Што би си посакале во 2019 година?

„Сега сакам со репрезентацијата на Македонија да постигнеме добар резултат на СП во Германија. Потоа со Вардар да продолжиме каде застанавме. Најважно е да бидеме сите здрави и потоа да играме најдобро што можеме.

 

петок, 28 декември 2018 - 09:25