Раул Гонзалез: Ќе ми недостасувааt „Јане Сандански“ и „Кале“

Тој е најуспешниот тренер во историјата на клубот, со освоена европска титула, три титули во СЕХА лигата, со грст клупски рекорди и постигнувања што ќе останат предизвик за неговите наследници. Раул Гонзалез го одбележа изминатиот период на владеењето на Вардар во Македонија, регионот и Европа.

Македонија го препозна неговиот квалитет, го ангажираше и за селектор на сениорската репрезентација. Се пласираше на ЕП 2018, а сега го предводеше тимот и до завршницата на СП 2019 година. Во баражот за пласман на СП, Македонија ја елиминираше Романија со вкупен резултат 57-50.

Сепак, Вардар беше тимот што го вивна во височините што го однесе меѓу европските и светски великани. Две сезони по ред Вардар е еден од најсилните тимови во Европа. Тоа го покажа и со играње на Ф4 турнирот. Клубот не успеа да ја одбрани титулата, но на сите натпревари донесуваше крајна неизвесност до последен момент.

Раул Гонзалез во интервју за официјалната интернет страна на СЕХА лигата даде одговор и оценка на неговиот престој во Македонија и што ќе му недостасува во иднина.

Сезонава од можни четири, Вардар освои три трофеи. Како би ја оценил во кратки црти сезонава за Вардар од твој аспект колку си ти задоволен?

„Добро, ама не супер. Мислам дека Вардар заслужи да игра Ф4, затоа што ние бевме шампиони, требаше и да ја одбраниме титулата, ама ние не бевме добри на тој финален турнир. Задоволен сум како помина сѐ, но не одигравме како што знаеме. Знаеме дека е тешко, но јас сум многу задоволен од моите играчи"

Малку недостасуваше да се стигне до финалето, на многу сличен начин, како што можеби лани Вардар до таа титула, еден гол, една минута?

„Да, но не како на натпреварите оваа година. Лани со Барселона имавме три-четири голови разлика и против ПСЖ. Барса играше седум на шест против нас, бидејќи не беше способна да нападне кон нашата одбрана. Оваа сезона против Монпелје на испадна како што сакавме. Монпелје играше супер, иако и ние се подготвувавме добро за овој турнир".

Од твоето доаѓање во Вардар, клубот играше четврт-финале, двапати Ф4, три титули во СЕХА лигата. Колку си задоволен на она што го имаш сработено како тренер и колку си горд на клубот во кој што си бил?

„Многу сум горд, затоа што ние се искачивме заедно на врвот, затоа што на почетокот Вардар беше нов клуб што покажа големи амбиции, а до крај го постигнавме најголемиот успех во ЛШ. Јас мислам кога поминаа првите две години, ние бевме многу добри. Игравме во главната група и тоа е многу тешко. Игравме против сите, а сите сакаат Ф4, но треба да разбереме дека во машкиот ракомет има12-13 екипи што имаат шанси да играат на Ф4. Нашата екипа секогаш беше во врвот и тоа е многу важно, затоа што иако не игравме во Келн првите сезони, имавме многу добри шанси против Киелце и Веспрем, тие беа малку подобри од нас за некој гол. Мислам дека сега Вардар е многу добра екипа и секогаш ќе има шанса да играат на завршниот турнир".

Многумина велат дека тајната на успехот на Вардар е Раул. Има ли нешто што можеби специјално го имаш применето?
„Не, јас мислам дека секогаш најважни се играчите. Јас не играм, можам само да им помогнам. Но, ако немаш добри играчи и не играат како треба, ти не можеш ништо да направиш. Јас сум сега тренер од Вардар, после ПСЖ, ама јас мислам дека мој најголем успех дека овие играчи играа добро, спроведуваа она што од нив се бараше".

Догодина можеби повторно ќе дојдеш во Скопје, но во поинаква улога, можеби повторно ќе играш во СЕХА против екипи од ЛШ, што е она што ќе го понесеш од Скопје како сеќавање, нешто што ќе се потсетува, сувенир..нешто што кога ќе бидеш во Париз би било во твојот дом?
Раул Гонзалез: „Мојата сала, за мене е како знак, многу ги сакам „Јане Сандански", „Кале" и „Борис Трајковски. Бидејќи, тоа е емоција, кога одите во Јане Сандански и ја гледате салата, полна, како навивачите ја даваат поддршката... За мене мојот живот е ракомет".

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк

сабота, 16 јуни 2018 - 20:21