Парондо: Во одбрана сме нов тим и на тоа најмногу работиме

Ние сме нов тим во одбрана, и тоа им го кажувам и на играчите. Во напад сме можеби исти, но во одбрана сме нови, пробуваме нови играчи, и ќе треба време за сѐ да биде како што сакаме, смета тренерот на Вардар

Ракометарите на Вардар по две недели отсуство повторно се во Скопје и ги продолжуваат подготовките за новата сезона. Десет дена вардарци беа на висински подготовки во Словенија, а потоа три дена учествувавме на турнир во Германија.

Го освоивме четвртото место а според тренерот Роберто Парондо во овој период се работело добро, и сега веќе се знае на што треба повеќе да се посвети внимание, што да се подобри за да биде тимот спремен за предизвиците што го очекуваат во СЕХА лигата и лигата на шампионите веќе за две недели.

„ Во Словенија работевме добро, играчите работеа на физичката подготовки и работеа вредно. Посветено да се одработи она што беше планирано. Сега е време кога повеќе внимаваме на физичката подготвеност. Имавме некои проблеми со настинка на некои ракометари па не секогаш бевме комплетни, но генерално добро ги завршивме подготовките, вели тренерот Роберто Гарсија Парондо.

Веднаш од Крањска Гора се замина за Германија каде за три дена игравме три натпревари. Победивме на еден оној против актуелниот победник на Купот на ЕХФ, тимот на Фуксе Берлин, а загубивме со ХСВ Хамбург и од Лајпциг. Но, на овој турнир важно беше да се види како ќе се вклопат играчите, да се испробаат некои варијанти што се тренирале. И најтешко се игра на првите натпревари откако ќе завршат физичките подготовки.

„ Турнирот беше генерално гледано беше добар. На првиот меч имавме 23 промашени удари, тоа ни беше проблем. Но беше прв натпревар и патувавме цел ден. Потоа игравме одличен меч 60 минути, а тоа е тешко во оваа фаза на подготовки. Сепак покажавме дека можеме да играме на високо ниво. На последниот меч со Лајпциг не игравме лошо, иако можевме и подобро. Ни требаат уште некои детали во играта. Судиите беа навистина лоши, но ние не треба да ја губиме концентрацијата. Наместо на играта да не мислиме на судиите, смета Парондо.

Одбраната во минатото беше препознатлив дел, сега се уште треба време за секоја коцка да се вклопи во мозаикот. Им анови играчи што треба да се вклопат а притоа да се задржи цврстината и агресивноста.

„ Ние сме нов тим во одбрана, и тоа им го кажувам и на играчите. Во напад сме можеби исти, но во одбрана сме нови, пробуваме нови играчи, и ќе треба време за сѐ да биде како што сакаме.

На ниту еден натпревар во Германија не играше Игор Карачиќ.

„ Тој се жалеше на повреда и не сакавме да ризикуваме. Тренира и ја следиме ситуацијата.

Следниот натпревар за Вардар доаѓа веќе викендов, на средбата од Супер Купот на Македонија. На таа средба играме со Металург во Струга во рамките на турнирот што во тој период се одржува покрај Охридското Езеро.

„ Сега веќе доаѓаат натпревари на кои ни требаат резултат. Особено оние што ги играме дома. Се подготвуваме и верувам дека ќе играме на нивото што го сакаме, бидејќи се уште сме во фаза на подобрување на формата за да бидеме спремни за она што не очекува од следниот месец.

На подготовките во Словенија и на турнирот во Германија со тимот отпатуваа и тројца млади ракометари Марко Мишевски, Дејан Ставровски и Андреј Петковски.

„ За млади ракометари важно е да имаат вакви силни тренинзи. Рано е да се каже кали веднаш ќе играат. Ни требаат голман и играч во одбрана. Сезоната е долга и најважно е тие да тренираат а шансата секогаш постои. Бидејќи се со нас сигурно дека има квалитет и потенцијал во нив, смета Парондо.

вторник, 14 август 2018 - 23:45