Кугис: Ме импресионира кога публиката не бодри, ни пее песни по секој меч

Во минатото Вардар беше препознатлив по својата агресивна одбрана и одлични голмани. Се освоија две шампионски титули во ЕХФ лигата на шампионите и пет во СЕХА лигата. Доаѓаа и заминуваа играчи и секоја сезона имавме тим што „жареше и палеше" на теренот.

Но, дојде време за промена во тимот и Вардар доби нов голман пар. Сега меѓу стативите се Артурс Кугис и Калифа Гедбан, заедно со младиот Марко Кизиќ. Тие треба да бидат новите „команданти на одбраната", да им ддат сигурност на играчите кога некоја топка ќе помине низ нивните раце дека ќе биде сопрена од голманите.

Секако треба време за сите коцки да се постават на место и Вардар повторно да биде непобедлив во овој дел од играта. А дека сме на добар пат покажуваат резултатите. По шест кола во ЕХФ лигата на шампионите имаме четири триумфи и сме на второто место на табелата. Во СЕХА лигата се бориме за првото место во групата со добри шанси да го освоиме и да го прескокнеме осминафиналето.

Меѓу новите членови на Вардар сезонава е и репрезентативецот на Летонија, Артурс Кугис кој доби шанса да ги наследи одличните голмани на Вардар. По искуството во Германија, Кугис сега се соочува со нови предизвици, СЕХА Газпром лига и ЕХФ Лигата на шампиони.

Квалитетот на Кугис е неоспорен, и сите очекуваат тој брзо да „експлодира" и да стане нов лидер на одбраната. На неколку натпревари тоа го покажа. Со тек на време и неговите одбрани се се подобри.

 

* Во Вардар си неколку месеци. Кои се твоите впечатоци?
„ Моите впечатоци се добри. Од првиот ден се чувствувам добро тука и мислам дека направив одлична работа со одлуката да потпишам за Вардар.

* Ти недостасува ли нешто?
„Од ракометната страна не ми недостасува ништо. Нормално ми недостигаат некои мои пријатели и семејството, но тоа е спортски живот.

* Колку е различно играњето во Вардар во однос на претходните клубови каде што досега си играл?
„Разликата помеѓу Вардар и сите други клубови е голема. Ова е најпрофесионален клуб и највисоко ниво каде што сум играл. Досега играв против репрезентативци, а тука конкуренцијата е поголема и имам шанса да играм против екипи во ЕХФ Лигата на шампионите и СЕХА Газпром лига. А конкуренцијата сега е многу посилна.

* Речиси постојано сте на пат, во СЕХА лигата, во Лигата на шампионите. Дали тоа малку ве заморува влијае на игри и резултати?
„За мене не беше лесно на почетокот. Затоа што мора да патуваме многу. Но, клубот дава се од себе за нас секогаш сме еден или два дена пред натпреварот таму и да имаме време да се подготвиме за сите предизвици.

* Тешко е да се наследат Штербик и Милосавjeев. Сите очекуваат Кугис да бидат на исто ниво?
„Не знам што очекуваат другите луѓе или играчи. Но, јас сум тој што сум, и се обидувам да дадам се од себе на секој тренинг, на секој натпревар. Штербик и Милосављев се голмани од светска класа и сакам да бидам на исто ниво.

* Секој играч има своја приказна при изборот на број на дресот. Која е твојата причина за изборот?
„Мојот дрес е со број 92. Роден сум во 1992 година. Од прв пат, кога ќе почнам да играм во странство, го користам бројот 92 и продолжувам исто во Вардар.

* Има ли нешто што најмногу го сакаш во Вардар или те импресионира?
„Го сакам начинот на кој луѓето не поддржуваат. Остануваат со нас во добри и лоши периоди, по секој меч ни пеат песни и ни даваат огромна поддршка.

* Претходната сезона многумина не му веруваат на Вардар, а клубот пристигна во Келн и ја освои титулата. Каде го гледате Вардар на крајот на сезоната?
Вардар минатата година покажа дека се е можно. Може да бидете на 1,2,3 место во групата ... но сепак имате шанса да играте во Келн. Сега е важно сите играчи да се вратат во тимот од повредите, да заздрават и да можеме да останеме здрави до завршувањето на сезоната. А сезоната е долга и се е можно.

 

 

понеделник, 4 ноември 2019 - 12:08