Интервју 20 на 1 - Тимур Дибиров

Тој е еден од иконите на клубот, меѓу оние со најдолг стаж во Вардар. Препознатлив по својот стил на игра со ударите што тешко се бранат. Миленик на публиката и на младите што во се поголем број го поддржуваат клубот.

 

Што е уште поважно, вистината или среќата?
- Има многу работи што се важни во животот, и кои се надополнуваат меѓсебе, но секако вистината е најважната.

Дали повеќе сакаш да бидеш богат или познат?
- Мислам дека најважно е да бидеше чесен.

Ако би бил суперхерој, какви моќи сакаш да имаш?
- Здравјето е секогаш на прво место. Затоа би сакал да може да се излечи секоја болест.

Ако можеш да промениш нешто за себе, што би било?
- Нетрпeливоста. Би сакал да бидам потрпелив во некои ситуации.

Дали попрво би заменил памет за убавина, или убавина за памет.
- Па, не. Вака е добро.

Ако може да избереш една славна личност за да биде татко / мајка на вашето дете, кој би бил тоа?
- Се разбира, Ирина Поторацкаја, мојата сопруга.

Која е твијата омилена песна?
- Limp Bizkit-Behind blue eyes

Која е омилената книга?
- Сакам многу да читам и не можам да одвојам еден наслов. Има многу повеќе кои ми се омилени и сакам да ги читам постојано. Но, најмногу сакам книги со детективи.

Има ли некој ритуал што е вообичаен пред секој натпревар?
- Нема ништо посебно, секогаш се концентрирам на она што ме очекува.

 

Кој е вашиот идол?
- Зинедин Зидан

Ако не беше ракометар со кој спорт ќе се занимаваше?
- Не е важно бидејќи спортот е мојот живот. Секој спорт го сакам.

Кој е моментот со кој најмногу се гордееш во кариерата?
- Секако тоа е освојувањето на Лигата на шампионите со Вардар

Покрај ракометот кој друг спорт најмногу го сакаш? Кој тим или играч ти се омилени?
- Како и многумина други Руси и јас го сакам хокејот и навивам за репрезентацијата на Русија.

Што сакате да правите во слободно време?
- Најмногу сакам да сум со семејството.

Кој е најубавиот град во кој некогаш сте биле?
- Виена.

Кој е автомобилот од соништата?
- Овој што сега го возам.

Од што најмногу се плашиш?
- Од неправедноста.

Кои вештини сакате да ги имате?
- Сакам да знам многу странски јазици.

 

вторник, 18 декември 2018 - 10:58