Интервју 20 на 1 - Кристијан Дисингер

Дојде во текот на сезоната, но од натпревар во натпревар е се подобар и го покажува квалитетот што го поседува. Тој е првиот Германец што игра за машкиот тим на Вардар, а неговата сонародничка Ања Алтхаус со успех неколку сезони го носеше дресот на женскиот клуб.

Како и секој спортист и Дисингер има работи што ги сака, идоли со кои растел и го инспирирале. Спортот носи откажувања од некои работи, но и популарноста е добра работа.
Левиот бек на Вардар очекуваме да биде уште подобар во останатиот дел од сезоната. Прочитајте многу работи што сигурно не сте ги знаеле за Дисингер.

1. Што е она што секогаш го правиш по добар натпревар?
- Победата како тим е најдобра радост.

2. Што правиш за да бидеш смирен додека се натпреваруваш?
- Ништо.

3. Ако може да одбереш друг спорт со кој би се занимавал, што би било тоа?
- Кошарка или тенис.

4. На која возраст почна да се занимаваш со спорт?
- На 4 години.

5. Која е твојата омилена храна ноќта пред голем и важен меч?
- Немам омилено јадење.

6. Кој те инспирирал кога си бил млад спортист?
- Многу големи германски спортисти, како Шумахер, Новицки ...

7. Со еден збор како би се опишал?
- Авантурист.

8. Кој ти беше омилен тренер и зошто?
- Мојот младински тренер Мартин Рериг, со него станав подобар како со никој друг.

9. Од што се откажа за да бидеш спортист?
- Одење на вообичаен универзитет и од моите пријатели дома.

10. Кое е твоето омилено место за натпревар?
- Секогаш дома.

11. Кои ментални алатки ги користиш кога си под притисок?
- Ништо.

12. Дали мислиш дека ставот е фактор за победа?
- Дефинитивно.

13. Ако имаш временска машина, дали ќе се вратиш назад или ќе одиш во иднината?
- Веројатно ќе се вратам во минатото.

14. Дали сакаш да имаш дом на плажа или во планините?
- На плажа.

15. Која беше омилена игра како дете?
- Сакав да играм фудбал на улица.

16. Која храна најчесто ја сакате?
- Немам омилена храна.

17. Ако би можеле да поседувате три автомобили, што би биле?
- Mercedes G класа AMG, Audi RS 6 и BMW M5.

18. Што те прави лут?
- Губењето.

19. Што секогаш носи насмевка на твоето лице?
- Духовити соиграчи.

20. Која песна најмногу те потсетува на твојот живот?
- Ух, навистина не знам.

понеделник, 10 декември 2018 - 09:00