Заврши првиот дел од Вардар Јуниор лигата, се гледаме на зимскиот турнир

Младите ракометари од Ракометната академија Вардар го завршија првиот дел од сезоната во Вардар Јуниор лигата. Момчињата и девојките кои се натпреваруваат во категориите родени 2004/05, 2006/07 и 2008/09 веќе стартуваат со подготовките за зимскиот турнир „Еден живот, една љубов", што се одржува во јануари, пред да стартува вториот дел од сезоната во лигата.

Најмладите ракометари во лигата се децата родени 2010 година и помали и се натпреваруваат во мини ракомет, но за нивната категорија не се подготвува билтен. За оваа група најважно е да го засакаат и научат ракометот преку натпреварите кои ги играат, како и да научат спортско однесување и да соработуваат како тим.
По натпреварите од 4 коло, немаме големи промени на табелата кај генерацијата 2004/05. Првата позиција ја задржува екипата на Карпош Вардар, иако имаат одиграно еден меч помалку од второпласираната Урдаревски Вардар. Односно, одложен е натпреварот меѓу Карпош Вардар и Филип Вардар.

* Билтен од 3. и 4. Коло 2004/05: 3_kolo_2004-05_maski.docx

                                                       4_kolo_2004-05_maski.docx

Бисинов Вардар се задржува на првата позиција во категоријата 2006/07, додека промената е на втората позиција. Будимир Вардар по победата против Урдаревски Вардар во четвртото коло се најде на втората позиција, а Ангели Вардар на третата.

* Билтен од 3. и 4. коло 2006/07: 3_kolo_2006-07_maski.docx

                                                       4_kolo_2006-07_maski.docx

Момчињата родени 2008/09 целосно го променија изгледот на табелата по натпреварите од 4 коло. Првопласираниот тим на Ангели Вардар се симна на 4. позиција, додека Бисинов Вардар од 3. позиција се искачи на врвот. Седмерец Вардар се одржа на втората позиција откако одигра нерешено со Шампион Вардар, кои се сместија на 3. позиција.

* Билтен од 3 и 4 коло 2008/09: 3_kolo_2008-09_maski.docx

                                                     4_kolo_2008-09_maski.docx

среда, 26 декември 2018 - 12:21