Викендов се игра петтото коло од Вардар Јуниор лигата

Стартува пролетниот дел од Вардар Јуниор лигата. Викендов во СЦ Кале во Скопје, се игра петтото коло од најголемиот ракометен проект на Ракометната академија Вардар наменет за најмладите. Натпреварите се играат во сабота од 9.50 часот, а во недела од 9.30 часот.

Покрај момчињата и девојките од генерациите 2006/07 и 2004/05 и момчињата од 2002/03, в недела наутро ќе се одиграат и натпреварите во мини ракомет во категоријата родени 2008 и помали.

Викендов се одигруваат и трите одложени натпревари во машка конкуренција меѓу Преспа Вардар – Бисинов Вардар во категоријата 2002/03, како и меѓу Балтепе Вардар - Будимир Вардар, и Филип Вардар – Илинден Вардар во категоријата 2004/05.

* Распоред за натпреварите: saatnica_skopje_1011.02.2018.pdf

петок, 9 февруари 2018 - 10:39