Вардар Јуниор лига: Фаворитите ги задржаа лидерските места

Возбудата на натпреварите од Вардар јуниор лигата не стивнува. Момчињата од сите три генерации, 2006/07, 2004/05 и 2002/03 ги завршија натпреварите од третото коло, кое се одигра во текот на две недели. Момчињата од генерацијата 2002/03 натпреварите ги играа на 25 номври и 5 декември годинава, додека другите две генерации играа на 25 ноември и 3 декември.

Во генерацијата 2002/03 натпреварот меѓу Бисинов Вардар и Преспа Вардар е одложен, додека натпреварот меѓу Балтепе Вардар и Општина Кисела Вода Вардар заврши нерешено. Урдаревски Вардар, пак, го победи Кале Вардар со 16-15.

* Билтен од 3. коло за 2002/03: 3_kolo_2002-03_maski.docx

Во најбројната категорија, генерацијата 2004/05 победници во третото коло се Делчево ДБ, Ангели Вардар, Општина Кисела Вода Вардар, Карпош Вардар и актуелните шампиони на лигата во оваа генерација Илинден Вардар.

* Билтен од 3. коло за 2004/05: 3_kolo_2004-05_maski.docx

Во најмладата категорија, генерацијата 2006/07 се одиграа три натпревари, а победници беа екипите на Бисинов Вардар, Драчево Вардар и Општина Кисела Вода Вардар.

* Билтен од 3. коло за 2006/07: 3_kolo_2006-07_mashki.docx

среда, 6 декември 2017 - 15:29