В недела се игра Ф4 за најстарата генерација во Јуниор лига

Најдобрите четири екипи во машка и женска категорија во генерацијата 2000/2001, в недела ќе го играат фајнлфор турнирот од втората сезона од Вардар Јуниор лигата. Натпреварите се играат во големата сала во СЦ „Јане Сандански".

Според распоредот во 10 часот почнуваат полуфиналиња во машка категорија, и тоа прво се игра мечот меѓу екипите на Филип Вардар и на Урдаревски Вардар, а потоа играат Гостивар Вардар со Општина Кисела Вода Вардар.

* Распоред на натпревари: saatnica_skopje_23.04.2017_1.pdf

Полуфиналињата во женска категорија почнуваат во 12 часот, а на распоредот прво е натпреварот меѓу Филип Вардар и Кузман Вардар, а по нив следат Вардар Виница и Карпош Вардар.

Во машка категорија во 14 часот се игра малото финале, а во 15 часот големото, додека во женска категорија во 16 часот е натпреварот за трето место, а финалето е во 17 часот.

Во малата сала во „Јане Сандански" се играат последните две кола од регуларниот дел за девојките од 2004/2005 генерација. На распоредот се вкупно осум натпревари во оваа категорија, а првиот почнува во 10 часот.

петок, 21 април 2017 - 08:22