Успешен прв дена за младите “вардарчиња" на турнирот “Еден живот, една љубов”

Бисинов 1 Вардар, Ѓорче Петров Вардар, Ангели Вардар и Седмерец Вардар се полуфиналистите во генерацијата 2008/09 на турнирот "Еден живот , една љубов" во организација на Ракометната академија Вардар.

Најмладите ракометари од Академијата првиот ден одиграа по три натпревари, подготвувајќи се за мечовите за повисок пласман што се закажани за вториот ден од турнирот. Децата покажаа решителност и посветеност во играта како возрасни ракометари, покажувајќи и како ги совладале ракометните вештини за време на тренинзите. Дел од децата сезонава за првпат играат натпревари против врсници.

Во прилог се резултатите од натпреварите кои се одиграа и распоредот за вториот ден: turnir_08.09_mashki.docx

Денес ќе се одиграат и натпреварите во мини ракомет, наменети за децата родени 2010 година и помлади. Екипите во мини ракомет настапуваат во мешан состав и играат на половина од ракометното игралиште.

сабота, 19 октомври 2019 - 21:10