Турнирот „Еден живот, една љубов“ стартува утре во „Јане Сандански“

Зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" стартува утре во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански", а ќе се одржува од 15 до 18 јануари годинава. На распоредот се натпревари во категориите 2004/05 и 2006/07 во машка конкуренција.

Во најстарата категорија година се натпреваруваат осум екипи - Вардар, Аеродром, Драчево Вардар и Урдаревски Вардар од Скопје, Балтепе Вардар од Тетово, Преспа Вардар од Ресен, Бисинов Вардар од Велес и и Карпош Вардар од Куманово. Сите натпревари ќе траат по 30 минути, а екипите се поделени во две групи. Финалните натпревари за оваа категорија се играат во среда, 16. јануари во „Јане Сандански".

Пропозиции и распоред за категоријата 2004/05: 04-05.docx

Момчињата во категоријата 2006/07 година се натпреваруваат според „бод систем", односно секој игра со секого. Во оваа категорија се натпреваруваат пет екипи – Урдаревски Вардар, Ѓорче Петров Вардар и Ангели Вардар од Скопје, Бисинов Вардар од Велес и Карпош Вардар од Куманово.

Пропозиции и распоред за категоријата 2006/07: 6-7.docx

понеделник, 14 јануари 2019 - 15:06