Тимовите од Охрид, Кичево и Скопје викендов го играат 4. коло од Вардар Јуниор лигата

Ракометната академија Вардар в сабота, на 7 декември во СЦ „Јане Сандански" го закажува четвртото коло од Вардар Јуниор лигата. Викендов се играат само дел од натпреварите, додека остатокот од колото ќе се доигра следните викенди.

* Распоред на натпревари со саатница: saatnica_08.12.2018.pdf

Натпреварите стартуваат во 10 часот, а на распоредот се дуели во машка и женска конкуренција. Играат момчиња во категориите 2004/05, 2006/07 и 2008/09 и девојчиња во катеоријата 2006/07..
Екипите кои ќе се натпреваруваат викендов се од нашите школи во Охрид, Скопје и Кичево.

петок, 7 декември 2018 - 22:26