Стартува пролетниот дел од Вардар Јуниор лигата

Викендов со СЦ „Јане Сандански" се играат натпреварите од вториот дел од Вардар Јуниор лигата. Се враќаме силно, првите дуели на распоредот се во сабота, 22 февруари и продолжуваме и следниот ден, на 23 февруари. Се играат две кола, а на распоредот се натпреварувачи од целата држава Прилеп, Велес, Делчево, Кичево, Охрид, Ресен и од Скопје.

На 22 февруари, сабота стартуваме во 9 часот со натпревар во машка конкуренција од генерацијата 2008/09. На распоредот се натпревари во машка и женска конкуренција во генерацијата 2006/07, како и дуели во најмладата категорија, децата родени 2010 година и помлади кои се натпреваруваат во мини ракомет.

Распоред за сабота: saatnica_22.02.2020.pdf

В недела во сала се враќаме во 9.30 часот со најмладите учесници во лигата. По натпреварите во мини ракомет, повторно ќе ги видиме екипите од постарите категории 2008/09 машки и 2006/07 во машка и во женска конкуренција.

Распоред за недела: saatnica_23.02.2020.pdf

петок, 21 февруари 2020 - 10:58