Стартува пролетниот дел од Вардар Јуниор лигата

Пролетниот дел од сезоната во Вардар Јуниор лигата стартува викендов со натпреварите од петтото коло. В сабота и в недела во спортскиот центар „Јане Сандански" во 9 часот стартуваат натпреварите во ракомет, а в сабота во 12 часот на распоредот се натпреварите во мини ракомет за децата родени 2010 година и помлади.

* Распоред за натпреварите: saatnica_23-24.02.2019.pdf

В сабота на распоредот се машките екипи од генерациите 2008/09, 2006/07 и 2004/05. Играат екипи од Куманово, Прилеп и Скопје.

В недела стартуваме со натпревар во женска конкуренција кои се натпреваруваат во категоријата 2006/07. Според најавата играат екипи од Охрид, Кичево, Велес и Скопје.

петок, 22 февруари 2019 - 14:09