Придружи се на најдобрите - Стартуваа уписите во Кисела Вода Вардар!

Зграпчете ја шансата да тренирате во ракометна школа на двојниот и актуелен европски шампион Вардар. Стартуваа уписите во Кисела Вода Вардар, којашто е првата ракометна школа на Вардар во Скопје, основана преку Ракометната академија Вардар.

Академијата од 2015 година континуирано вложува во развој на младите ракометни потенцијали. Првенствено со поддршка со реквизити и опрема за тренинзи во 20-тина ракометни единици на Вардар, односно школи за ракомет низ Македонија. А можеби најважниот придонес е организирањето на двата проекти - турнирот „Еден живот, една љубов" и Вардар Јуниор лигата, каде децата во текот на целата школска година играат натпревари со своите врсници.

Двете пионерски екипи од селекциите на Вардар, во машка и женска конкуренција, се главно формирани со деца кои се селектирани преку Вардар Јуниор лигата и турнирот. Неколку млади ракометари и ракометарки добија можност да тренираат и да настапуваат со Вардар јуниор во машката Супер лига, како и во првата екипа во женска конкуренција.

Ракометната школа Кисела Вода Вардар тренинзите ќе ги одржува во спортската сала при ООУ „Партенија Зографски", а упишуваме деца родени 2008 година и помлади. Тренинзите се во вторник и четврток од 16.30 - 17.30 часот, односно од 18.30 - 19.30 часот.

Со запишување во школата децата се вклучуваат и во ракометни натпревари што ќе се организираат во текот на сезоната 2019/2020. За децата родени 2010 година и помали се организираат натпревари во мини ракомет. Целта на проектот е да овозможи секое дете да се развива и напредува преку натпревари, и се разбира низ игра, тренинзи и дружење и да учи фер плеј и да развива тимски дух.

Со запишување во Кисела Вода Вардар сите членови добиваат:
- редовни тренизни
- спортска опрема Hummel
- избор на најдобри поединци
- дружба со ракометарите и ракометарките на Вардар
- бесплатен влез на натпреварите на РК Вардар во СЕХА лига, националното првенство и куп
- 30 отсто попуст во ВАРДАР ФАНШОП
- организирани натпревари во текот на целата сезона.

За дополнителни информации за пакет понудата за сезоната 2019/20 и за информации за запишување во Кисела Вода Вардар контактирајте го тренерот Билјана Пецевска на тел.078/345 - 687.

петок, 13 Септември 2019 - 11:13