Момчињата од генерацијата 2008/09 ве очекуваат на Зимскиот турнир на Вардар

Најмладите ракометари, момчињата родени 2008/09, натпреварите од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" ги играат на 17 и 18 јануари. Зимскиот турнир е во организација на Ракометната академија Вардар, а годинава се одржува од 15 до 18 јануари.
Според распоредот за генерацијата 2008/09, во оваа категорија учествуваат екипи од Охрид, Велес и Скопје, и тоа Ангели Вардар, Општина Кисела Вода Вардар, Вардар Кубалибре Седмерец и Бисинов Вардар со две екипи.

Натпреварите траат по 30 минути, а пласманот се одредува со бод систем, односно секој игра со секого.

Влезот на натпреварите во салата е слободен

Пропозиции и распоред за натпреварите за категоријата 2008/09: 0809_maski.docx

среда, 16 јануари 2019 - 10:35