
Во организација на Ракометната академија Вардар момчињата родени 2008/09 и 2006/07, како и најмладите учесници децата родени 2010 година и помлади во последните неколку месеци од 2019 година имаа можност да одиграат интересни и поучни натпревари.
Билтени:
- Момчиња 2006/07 bilten_2006-07_maski.docx
- Момчиња 2008/09 maski_2008-09.docx
Момчињата преку дуели во своите врсници добиваат шанса да проверат колку напреднале и дали умеат онаа што го учат на тренинзите соодветно да го применат против противничкиот тим. Покрај натпреварувачкиот дел се запознаваат со врсници од повеќе градови во Македонија и создаваат нови пријателства со деца чија страст е исто така ракометот. На натпреварите учествуваат деца од Ресен, Прилеп, Тетово, Охрид, Велес, Делчево, Кичево и Скопје.
Во првиот дел од сезоната натпревари игравме на две локации, во Скопје, односно во салите на СЦ „Јане Сандански" и во Прилеп.
Најмногу внимание на овие натпревари привлекуваат најмладите ученици во Вардар Јуниор лигата, момчињата и девојчињата родени 2010 година и помлади. Овие екипи се со мешан состав играат мини – ракомет и согласно пропозициите целта е децата да се запознаат со концептот што значи да се натпреваруваш, а при тоа да се забавуваат и дружат и затоа за оваа категорија не се подготвуваат табели со број на победи и бодови. Желбата е децата да не се оптоваруваат со бројки и амбицијата за победи, туку да се забавуваат и да уживаат во играта, а со тоа да ја развијат и љубовта кон ракометот.