Карпош, Бисинов и Ангели лидери по второто коло во Вардар Јуниор лигата

По завршувањето на првите две кола од Вардар Јуниор лигата, нашите млади ракометни екипи веќе се позиционираат во категориите според резултатите од натпреварите. Сезонава се организираат натпревари во машка и женска конкуренција и тоа во генерациите 2004/05, 2006/07 и 2008/09, како и натпревари во мини ракомет наменет за учесниците родени 2010 година и помали.

За најмладите учесници во лигата нема рангирање на тимовите според резултатите. Во оваа категорија не е битен победникот на натпреварот, туку преку натпреварите да ги научиме децата на фер игра, тимски дух и спортско однесување.

Во категоријата 2004/05 на првата позиција е Карпош Вардар од Куманово, а зад него е Урдаревски Вардар од Скопје. Иако и двата тима имаат по 6 бода, Карпош Вардар има подобра гол разлика. Во оваа категорија се натпреваруваат и Ангели Вардар од Скопје и Филип Вардар од Прилеп.

* Билтен од 1. и 2. Коло за 2004/05: 1_i_2_kolo_2004-05_m.docx

Бисинов Вардар од Велес по две одиграни кола е прв во категоријата 2006/07 со подобра гол разлика од второ позиционираниот тим на Будимир Вардар од Скопје. И двете екипи имаат по 6 бодови. На третата позиција е Ангели Вардар. Во овие две кола слободни беа екипите на Карпош Вардар од Куманово и Урдаревски Вардар од Скопје. Во оваа категорија се натпреваруваат и Филип Вардар од Прилеп и Делчево Вардар од Делчево.

* Билтен од 1. и 2. Коло за 2006/07: 1_i_2_kolo_2006-07_m.docx

Скопската екипа на Ангели Вардар си резервираше првото место во категоријата 2008/09 во машка конкуренција. Зад нив Вардар Седмерец од Охрид и Бисинов Вардар од Велес. Во оваа категорија се натпреваруваат и екипите на Општина Кисела Вода Вардар, Партение Зографски Вардар и Шампион Вардар од Скопје.

* Билтен од 1. и 2. Коло за 2008/09: 1_i_2_kolo_2008-09_m.docx

среда, 5 декември 2018 - 11:12