Кале и Бисинов станаа шампиони во Вардар Јуниор лигата

Кале Вардар и Бисинов Вардар се шампиони на Вардар јуниор лигата сезона 2017/18 во категориите 2002/03 и 2006/07.

Двата Ф4 турнири, се одиграа на 12 мај, сабота, во СЦ „Гоце Делчев" во општина Илинден, а четирите најдобри тимови од сите генерации дадоа максимум од себе да се изборат за што повисоки место.
На свечената церемонија присуствуваа одговорниот за машките селекции Алексеј Растворцев, помошник тренерот на женската екипа Вардар Јуниор Александар Царчев и Марија Папуџиева од Ракометната академија Вардар. Церемонијата ја водеше Елена Радоман од Ракометната академија Вардар.

 

Во финалето за генерацијата 2002/03, Кале Вардар ја победи Преспа Вардар со 21 : 19 во исклучително возбудлив натпревар. Двете екипи беа со изедначени сили, но сепак до крајот, покрај подобрата среќа, како и со попрецизните напади Кале успеа да се избори за предност и победа против минатогодишниот шампион во генерацијата Преспа Вардар.

Минатогодишните шампиони Преспа Вардар сезонава го освоија второто место.

Силен дуел се одигра и на натпреварот за третото место, каде Општина Кисела Вода Вардар беше подобра од Урдаревски Вардар со 23 : 16. Општина Кисела Вода Вардар го освои 3 место на Ф4 турнирот во генерација 2002/03 од Вардар Јуниор лигата 2017/18.

Михајло Костовски од Преспа Вардар, според гласовите на тренерите кои водат екипи во генерацијата, е најдобриот играч на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2002/03 машки. Изборот на тренерите за најдобар голман во оваа генерација е Никола Лазаров од Кале Вардар, а Давид Арсовски од Преспа Вардар е најдобар стрелец на Ф4 турнирот.

На финале за генерацијата 2006/07 Бисинов Вардар имаше лесна победа против врсниците од Урдаревски Вардар со 16 : 8.

Урдаревски Вардар го освоија второто место.

Третото место го освои Драчево Вардар по победата против Ангели Вардар со 8 : 7.

Томче Балов и Јованче Ѓошевски од Бисинов Вардар беа прогласена за најдобар играч и најдобар голман, додека Александар Антиќ од Ангели Вардар се најдобар стрелец на Ф4 турнирот од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/18 во категоријата 2006/07 машки. Изборот на најдобар играч и најдобар голман го направија тренерите кои имаа тимови кои се натпреваруваат во генерацијата.

понеделник, 14 мај 2018 - 20:19