
Денес во 14:35 Бисинов Вардар играат против екипата на Студентски град од Белград, а утре во 9:35 играат против Кочевје од Словенија.
На натпреварот со екипата на Земун, Бисинов Вардар одиграа тежок, но изедначен натпревар и успеаја да слават победа со 15 : 14.
Натпреварот против Јадран Хрпелје момчињата од Велес го изгубија на крајот на мечот. Во текот на натпреварот имаа постојана предност, а и на пауза заминаа со предност од 11 : 9. Сепак во крајните минути среќата им се промени и словенечката екипа победи до 18 : 20.
Екипата на Бисинов Вардар се натпреварува во категоријата родени 2005 година, а составена е главно од момчиња родени 2006/07, кои се натпреваруваат и во нашата Вардар Јуниор лига, и три момчиња родени 2005 година со кои ја балансираат разликата во возраста против постарата конкуренција.