Бисинов Вардар доминираше на „Еден живот, една љубов“

Бисинов Вардар се победници на турнирот „Еден живот, една љубов", што по шести пат се одржува во организација на Ракометната академија Вардар. Екипите во старосната категорија 2006/07 во машка и женска категорија викендов во СЦ „Јане Сандански" се натпреваруваа за пехарот на турнирот, којшто во изминативе години се наметна како спортско случување каде традиционално младите таленти ги покажуваат своите вештините и проверуваат каде се наоѓаат во однос на нивните врсници од повеќе градови низ Македонија.

Бисинов Вардар од Велес беше подобар од екипата на Будимир Вардар со кои играа во финалето. Велешани се наметнаа како фаворит за првото место уште во текот на групната фаза, потврдувајќи во финалето дека екипата има талентирани млади ракометари со потенцијал за понатамошен развој. Финалето финишираше со резултат од 20 : 5 за Бисинов Вардар.

 

На турнирот беа доделени и индивидуални признанија, и тоа најдобар стрелец, играч и голман. По тој редослед статуетки добија Давид Јовчевски од Урдаревски Вардар, Александар Ристовски од Бисинов Вардар и Леонид Богданоски од Филип Вардар.

 

Будимир Вардар го освоија второто место на турнирот, откако во полуфиналниот натпревар беа подобри од Урдаревски Вардар со 16 : 15.

Повеќе фотографии од свечеото доделување на следниот линк.

 

За третото место се избори екипата на Филип Вардар, кои беа подобри од Урдаревски Вардар со 19 – 15. Двете екипи се потрудија да го покажат најдоброто во своите редови, и пружија силен отпор на противникот во една резултатски изедначена борба. Барем до последните минути, кога одбраната на голот на екипата на Филип заблеска победнички и ја донесе својата екипа до третото место. Урдаревски Вардар се пласираа на 4 место.

Ангели Вардар службено го добија натпреварот за 5. место, а Балтепе Вардар се пласираше на 6. место.

Билтен од вториот натпреварувачки ден: mashki_turnir_2_den_1.docx

Повеќе фотографии од финалето и од мечот за 3.место.

За две недели ќе се одржи вториот дел од турнирот, кога на паркетот ќе ги видиме помладите ракометари, односно категоријата 2008/09 и натпреварите во мини ракомет наменет за децата родени 2010 и помлади.

недела, 6 октомври 2019 - 23:24