Екипата на Вардар ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната со новиот тренер Давид Дејвис, но без неколкумина играчи кои имаат обврски со своите репрезентации и ќе настапуваат на ЕП 2022 година во Унгарија и во Словачка.
Ракометарите на Вардар со триумф ја завршија календарската година, откако на домашен терен го победија Бутел со 36-21 (18-15) во 16. коло на домашната Супер лига. „Црвено-црните" ќе презимат на лидерската позиција со 43 бода.
Во 8. коло од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите, Вардар1961 по петти пат остана без бодови. На дуелот одигран во Скопје триумфираше тимот на ПИК Сегед со 30-27.